ДУО НА ПИЈАНО, БОЖИНОВСКА – ЌЕКА

Прилепско културно лето

Концерт на дуото на пијано, Маја Божиновска – Мимоза Ќека, со дела од Шуберт, Дебиси, Рахмањинов, ќе се одржи вечерва од 20 часот во салонот на ЦК “Марко Цепенков”.

Божиновска е дипломец на ФМУ во Скопје. Сега е професор во државното музичко училиште во Битола. Со Мимоза Ќука настапува како дуо на пијано. Ќека има дипломирано на ФМУ. Учествувала на повеќе семинари кај познати пијанисти, а се усовршувала на академијата во Сиена, Италија. Таа сега е професор по пијано во музичкото училиште во Скопје.

Сношти прилепчани доживеаја музички празник со изведбите на харфа на Мерсиха Шукри.

Loading