„ЉУБОВНИ ПОЗИ НА ИСТОРИЈАТА“ НА СЦЕНА

Vo poln ek prviot del od probite na FVH

Дел од ансамблот на театарот го привршува првиот дел од подготовките на новиот проект „Figurae Veneris Historiae“ (Љубовни пози на историјата), што го режира  Наташа Поплавска. Продолжението се очекува по годишните одмори, а премиерата на крајот на  септември.

Режисерката потенцира дека по успешната соработка на претставата “Буре Барут”, со која се добиени  награди за ансамбловска актерска игра, оригинална музичка изведба на фестивали во Бугарија, Македонија и награда за најдобра женска улога за Даниела Иваноска во Црна Гора, е радосна што пак е на сцената на нашиот театар.

– Инспирација сега пронајдовме во најновата драма на Горан Стефановски – “Figurae Veneris Historiae”, напишана за 100 годишнината од Првата светска војна. Драмата е трагична фарса базирана на книгата Сексуална историја на Првата светска војна од Магнус Хиршфелд. Содржината е неморалната историја каде се документираат срамот и злото на човековата природа и масовното организирано насилство што е круна на општествената-политичката патологија. Еден вид на голема лирска баханалија – вели Поплавска.

Играат Даниела Иваноска, Игор Трпче, Зоран Иваноски, Димитар Ѓеоргиевски, Наташа Наумоска, Катерина Ч. Клическа, Димитар Црцороски, Јасмина М. Станкоска, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска и Илија Волчески. Гостин е музичарот Методија Костоски. 

Loading