СЛИКИ ОД ЧАТЛЕСКИ ВО ШТИП

Slikite na Catleksi pred stipjani

Дел од изложбата „Древниот сон“ со 20 дела од уметникот Тони Чатлески ја проследуваат штипјани, во рамките на културното лето. Писателот Христо Петрески вели дека сликите се создадени во манирот и духот на геометризмот и кубизмот.

– Колористичките апстракции се одликуваат со силна и компактна композиција. Потребен е добар вид, па и лупа, за да се регистрираат сите детали, геометриски форми, кубизам, па и пикасовски елементи. Делата потсетуваат на пештерските цртежи и камената уметност, според својот графички израз. Тоа е оригиналноста и препознатливоста – вели Петрески.

Loading