АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА НА СТИБЕРА

Со скромни средства од околу 300 илјади денари од Министерството за култура, екипа од Завод и Музеј продолжува со археолошките истражувања на античкиот град Стибера кај селото Чепигово. Археологот Душко Темелкоски вели дека се истражуваат нови делови од две градби откриени во 2014 година.

– Копаме на работилницата и светилиштето посветено на некое божество со птичјо лице. Култот кон божеството со атрибути на птица е единствена појава не само во Македонија, туку и пошироко – истакнува Темелкоски.

Со години се истражува Стибера, но во утробата на земјата уште лежи  огромна античка историја и национално бесценето богатство. Работите се движат со поспоро темпо поради тоа што поголемиот дел од локалитетот се најдува на приватни имоти, кои државата треба да ги откупи.

Стибера постоела од 3 век п.н.е. до 4 век од наша ера. Во најголемиот процут градот бил броен со околу 20 илјади жители. 

Loading