ОСТАТОЦИ ОД КРАЛСКА ТВРДИНА КАЈ ВЕПРЧАНИ

Публицистот Тренчо Димитриоски со видео-презентација предаваше за “Селото Вепрчани – од праисторијата до денес” во организација на асоцијацијата “Калеш Анѓа”. Следната слика за мариовските села ќе биде посветена на локалитетот Чебрен кај селото Зовиќ.

Димитриоски откри дека поголем број историски и културни содржини се поврзани со селото Вепрчани во Мариово. На локалитетот Градиште се наоѓаат остатоци од голема праисториска населба со тврдина од перидот на доцното бронзено или раното железно време.

– Градиште е културен центар, па може да се претпостави дека тука била лоцирана и престолнина на помало кралство. Се забележуваат повеќе места со остатоци од тврдината, градби во заштитениот простор, своевидна симболика по површината на карпите, како и разновиден археолошки материјал. Во околината се распоредени најмалку три некрополи од различни периоди – вели Димитриоски.

Тоа укажува на континуиран живот во подлабоката праисторија до денес. 

Loading