СТРУНИТЕ НА ВИОЛИНАТА

marija janculeskaПрв солистички концерт на Марија Јанчулеска

Младата виолинистка Марија Јанчулеска со изразит блесок ја демонстрира својата дарба на првиот солистички концерт. Делата на Бах, Франк, Равел,… прозвучија импресивно. Надарената виолинистка имала повеќе семинари во земјава и во Шведска. Член е на Камерниот оркестар на Битола и редовен учесник е на Волин фест.

По завршувањето на средното музичко училиште, образованието ќе го продолжи на ФМУ во Скопје.

Loading