„СТАПКИ НИЗ ТВОЕТО СРЦЕ“ НА СИДОРОСКА

Detstvo niz pisuvanje - Sidoroska„Сакам вечно да црпам инспирација, чекорејќи по твоето срце, а доцна во ноќта да ти читам поезија“.

Ова е дел од приказната за безвременската среќа, за млада девојка која се вљубува во глувонемо момче во книгата – првенче “Стапки низ твоето срце” на 14 годишната Стефани Сидороска. Одбирајќи ја љубовта за секојдневието и причината за среќа, младата авторка умешно ја преточила приказната за светот без омраза и тага во страниците.

– Пишувањето е моето сé, а “Стапки низ твоето срце” е  “зграпчување  в раце” на моите 14 години со сите нивни убавини. Пораката е дека ниту еден проблем не може да биде толку голем да растури една љубов – вели Сидороска.

Промоцијата, со дружба преку убавиот пишан збор, песна, смеа и глума, веќе е закажана на 7 јули во кафулето Тејк фајв.

Loading