ПИШУВА ЦЕЛО УЧИЛИШТЕ

СОУ „Ѓорче Петров“

DSCN7692DSCN7693

Со две книги кулминираше шесмесечната макотрпна работа на учениците од здравствената струка од СОУ „Ѓорче Петров“ предводена од професорката Снежана Переска. Пишувајќи и дење и ноќе, учениците од трета и четврта година го создадоа прирачникот, „Домашен лекар“. На повеќе од двеста страници на македонски јазик, се опфатени сите стандардни болести со симптоми и совети кога итно да се оди на лекар. Трудот е достапен и разбирлив за секое семејство.

Помалите создадоа прирачник, „Природата – чувар на нашето здравје“. Во него е “пописот” на лековитите треви во прилепскиот крај, објаснување за користење, кога треба да се собираат, како се сушат и слично, а се употребуваат во народната медицина.

– Ги прошируваме видиците и можностите за сочувување на здравјето. Користевме стручна литература и проверени податоци од интернет. Првата иницијатива на училиштето за прирачник преточена во книгам претставува дело што еднаш се зема, а повеќепати се чита од практични причини – вели менторот Снежана Переска.

Има по 200 примероци од двете книги, но поради големата побарувачка на “народските прирачници”, веднаш “исчезнале”. Затоа најавуваат второ издание во септември кога ќе подготвуваат и трет прирачник. 

Loading