КОНЦЕРТ НА ХОРОТ „МАЛИ АНГЕЛИ“

Детскиот хор „Мали Ангели“ вечерва од 20 часот во ЦК „Марко Цепенков“ ќе го има традиционалниот летен концерт под покровителство на градоначалникот Марјан Ристески и Министерството за култура. Со богата програма се претставуваат 40 деца од 8 до 14 години под раководство на диригентот Маја Ристеска.

– Ќе ги разнежнат срцата “Малите Ангели”. Хорот ја развива музичката култура кај децата и им отвора нови хоризонти низ откривање на тајните на хорското и соло пеењето – велат организаторите од АРТ 10 продукција, најавувајќи ги завршните подготовки на снимањето на вториот видео спот на авторска композиција. 

Loading