ЕМ ПЕХАРИ, ЕМ КАМПУВАЊЕ

Извидничкиот одред Феникс и „Креативити“ во Охрид

Iizvidnici i kreativci

Околу 60 прилепски деца, дел од извидничкиот одред Феникс, и од Центарот за аудиовизуелни уметности “Креативити” го преплавија Охрид на четиридневниот извидничко-младински камп, Camping Fun 2016. Извидниците се натпреваруваа во “полигон” на плажа, веслање, “бендерење” на скали обесени на дрво и во ориентација низ центарот на Охрид. Вештините ги докажаа со преземање на сите пехари и награди. Не е чудно, оти каде и да одат, се враќаат со куп признанија. Златни беа во категоријата извидници, а златни и сребрени – помладите извидници.

Во попладневните часови за одмор и дружба со извидниците од земјава, “Креативците” организираа културно – забавна програма. Под отворено небо, одиграа неколку перформанси, музички точки, кратки скечеви, караоке шоу, роденденски прослави и претставата “Кралски фестивал”.

Домаќини им беа извидниците од Пионер од Охрид. 

{AG}407/izvidnici{/AG}

Loading