ТРЕНЕРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Plaketa za SOU Rcko za osoben pridones vo      obrazovanietoСОУ „Ристе Ристески – Ричко“

СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ се закити со плакета за исклучителен придонес во обезбедување на инклузивна и пристапна образовна средина во училиштето. Станува збор за финиширање на проектот „Младинска мрежа за стекнување на вештини за вработување“ од УСАИД што имаше завршница во Скопје.

Во присуство и на министерот за труд и социјала, Диме Спасов. директорот Жарко Темелкоски изјави дека плакетата е резултат на шестгодишната соработка со УСАИД.

– Соработуваме на сите полиња. Ангажирани сме во обуките за јакнење на вештините на младите невработени – истакна Темелкоски.

Училиштето учествуваше во шест програми и тоа за тренери за развој на т.н. меки вештини за подготовка за работа, како и инклузија за деца со попреченост, учење преку работа за невработени, вклучувајќи и млади со пречки во развојот, обука за кариерно советување и курсеви за обука кај работодавач со ментори во фирми.            Обуките ги поминале десетина професори.

– Училиштето беше вклучено последно во мрежата. Но, горди сме што опремивме најубав кариерен центар во кој годишно обучуваме минимум 70 ученици – додаде професорот Александар Костадиноски.

Инаку, графичарите, заедно со УСАИД, го организираа првиот саем за вработување и кариера во Македонија, поддржувајќи го настанот со лого, флаери и сл. 

Loading