НАГРАДИ ЗА СТРЕЛАЊЕ СО ВОЗДУШНА ПУШКА

Ostri oci na strelcite so vozdusna puska

На државниот натпревар во стрелаштво со воздушна пушка, СК Стрелец 09 освои најмногу места од сите клубови. Од пионерите, Стефан Пројчески, Лазар и Давид Лазарески освоија второ место екипно. Поединечно, Лазар беше трет. Од девојките, ланската шампионка Ирина Јованоска беше третопласирана. Во конкуренција на младинци, Антонио Николоски, Емануел Секулоски и Валентин Илоски беа први екипно. Поединечно, Антонио беше втор, а Емануел трет. И младинките беа први екипно во состав Викторија Тренческа, Теодора Талеска и Катерина Бошкоска. Поединечно, Викторија беше второпласирана. Од сениорите, Филип Кочоски ја зазеде четвртата позиција. Стрелците водени од претседателот на клубот, Гоце Ѓорѓиоски и тренерот Славчо Трајкоски, оценуваат дека би имале “поостри  очи”, доколку тренираат во соодветни услови.

Loading