ИЗЛОЖБИ ОД ТЕМКОВ И БОТЕВ

Во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“ вечерва од 19.30 часот ќе биде отворена изложбата со 30 дела насловена „Житни полиња“ од Владимир Темков. Уметникот ќе го изложи долгогодишниот циклус преку кој ги претставува македонските житни полиња со специфичен пристап.

Темков е диломец на ФЛУ. Реализирал бројни самостојни и групни изложби во земјата и во странство. Бил учесник на повеќе ликовни колонии. Директор е на Домот на културата во Кавадарци.

„Град“ е тематската изложба на дела од Атанас Ботев што ќе биде отворена во ликовниот салон. Публиката ќе проследи дела, цртежи преку кои пренесува едно сведоштво на агресивно узурпирање во урбаната структура на Скопје и протест против девастацијата на јавниот простор околу Старата железничка станица.

Ботев дипломирал на ФЛУ. Работи во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, инсталација, перформанс. Имал 12 самостојни изложби во Скопје, Њујорк, Нирнберг, Цетиње и Берлин. 

Loading