РАСКОШЕН ТАЛЕНТ И ЗНАЕЊЕ ВО ИЗОБИЛИЕ

Во Гимназијата „Мирче Ацев“

– 67 медали на државни мегдани

– Активни на музичкиот фестивал Гимфест, на поетски и ораторски вечери …

Duri 67 medali od drzavnite megdani

Раскошен талент и знаење во изобилие е фундаментот на ретроспективата за Гимназијата „Мирче Ацев“ во учебната година што се окончува. Традиционално, гимназијалците испишаа уште една, дури поуспешна приказна. За разлика од ланските 33, годинава се освоија 67 медали на државните мегдани. Гимназијата е расадник на таленти и идни интелектуалци кои покосија сé пред себе, покажувајќи дека со континуирано учење и посветеност може да се биде едно од најдобрите училишта во државава. Освојувачите на триумфи со нивните ментори, потврдија дека од Гимназијата секогаш излегуваат квалитетни кадри, кои ја издигнуваат оваа воспитно-образовна установа, високо рангирана меѓу средните училишта. Покрај натпреварувачкиот дух, дарбата и знаењата, ги афирмираа и низ многуте проекти и манифестации како незаменливиот и спектакуларен Гимфест, ораторските и поетските вечери…

ДОСТИГНУВАЊА ЗА РЕСПЕКТ

Кога сме кај талентите и знаењето, Гимназијата годинава треба да е посебно горда на достигнувањата кои се за почит од природни науки, до спорт. Доминираа географичарите и биолозите со најмногу награди. Ништо подолу, не беа ни математичарите, физичарите и информатичарите.

Географичарите под менторство на Виолета Проскоска Велкоска, ги зазедоа челните позиции на државниот натпревар. Прв беше Христијан Стомнароски, втора Ана Димоска, а зад нив се нареди Исидора Стеваноска. По биологија пак, се закитија со пет медали. Под раководство на Милка Трајкоска, првите три места ги “грабнаа” Јована Костоска, Никола Желчески и Александар Ристески. Третонаградени беа и Галена Аризанкоска и Викторија Здравеска со менторот Софија Крстеска. Третата награда отиде во рацете на физичарите под раководство на Марина Попоска. Христијан Р’жаникоски беше трет на државниот натпревар по физика, а Стефан Наумоски на државниот натпревар – Школа на млади физичари. Р’жаникоски пак, на хемиската олимпијада беше втор со менторот Ружа Ангелеска. За “гимнастиката на умот со бројки” односно математика, Ѓорѓи Коцески беше втор со менторот Маријана Спиркоска. Матурантот Марко Маркоски одамна е докажан информатичар. Воден од професорката Анкица Стеваноска Јанческа, на државниот натпревар, застана на втората позиција. До него, на третата позиција, друштво му правеше Горазд Илиески.

СЕДУМ МЕДАЛИ ОД НАРОДНА ТЕХНИКА

Не се сефте ниту наградите од државниот натпревар за млади истражувачи на Народна техника. Овојпат, во разни области, од информатичари до хемичари, ризницата со награди се збогати уште со седум награди. Први беа Маја Атанасоска за веб дизајн и Елена Спиркоска за примена на софтвер под менторство на Анета Стојческа, како и Филип Србиноски за еколошка хемија со менторот Блаже Димески. Со истиот ментор, Димески, втора беше Теодора Тасеска за органска хемија. Втори беа и Ивана Дукоска за аналитичка хемија и Искра Белческа за неорганска хемија под раководство на Христина Манческа, како и Симона Димоска за енергетска ефикасност под менторство на Кирил Јосифоски.

ПОДВИГ НА ГИМНАЗИСКИТЕ СПОРТИСТИ

Им нема рамни и во спортот на гимназијалците. Под менторство на Орде Цветаноски, на државното првенство по карате “лапнаа” дури 8 медали. Златна беше Маријана Димоска, а сестра í Мишела сребрена. Сребро зедоа и Матеја Талеска и Андреј Гокчев. Со бронза се закитија Дамјан Ристески, Лина Димеска, Матеја Талеска и Огнен Тодороски.

И во зимските спортови гимназијалците беа успешно водени од професорот Даниел Василески. На државното првенство по скијање, двајца “грабнаа” сребро, а други двајца бронза. Второнаградени беа Теодора Георгиеска и Александар Спиркоски, а трети Ане Георгиеска и Андреј Манчески.

Гимназиските спортисти со голем подвиг ја завршија и десеттата Гимназијада во Куманово. Светна среброто за машката екипа во ракомет, водена од Даниел Василески, девојките во футсал блеснаа со менторот Бранко Дисоски, а Леонид Вандевски во атлетика. Покажаа дека среброто може да биде повредно и од златото кога во прашање е конкуренција од сите средни училишта од земјава.

УМЕШНИ ОРАТОРИ, ФРАНКОФОНИ И НОВИНАРИ

Vrvni oratori za zivotnite vrednosti

Со лириката одлична друшка е Филип Димоски. Не само што е вешт говорник на “локалните” ораторски натпревари, во полн сјај се претстави на државен натпревар во читање и говорење на текстови од светски познати писатели. Димоски како англиски оратор за Хамлетовата девиза “Да се биде или не” без конкуренција се искачи на врвот под менторство на Кети Ефремоска.

Ги бидува и за актерство. Француската драма “Една личност – една професија” на Симеон Мерипушкоски, Дарио Илиоски, Боркица Тинтоска, Симона Стризлоска и Теодора Тасевска со менторот Мирјана Бошкоска им го донесе врвното место на Франкофонски театар.

Меѓу гимназијалците се кријат и “новинари”. Ивана Дукоска и Верица Христоска со написот “Уништувањето на шумите – уништување на гранката на која седиме”, со професорката Весна Михаиловска извојуваа победа меѓу 30 средношколски статии на конкурсот “Млади репортери за животната средина”. Статијата е испратена и на интернационален конкурс.

ГИМФЕСТ – СПЕКТАКУЛАРЕН ФЕСТИВАЛ

GIMFEST - muzicki blesok na Gimnazijata

Во “режија” на Гимназијата “Мирче Ацев”, мина шестото издание на музичкиот фестивал што од година во година сé повеќе расте и се надградува од музички, сценски и технички аспект. На “Гимфест 2016” ечеа мелодичните гласови на 20 талентирани гимназијалци во преполнетата сала на ЦК “Марко Цепенков” со извици на воодушевување и громогласни аплаузи. Дарбата за музика, изведувајќи светски и домашни хитови повеќе од професионално, ја покажаа Наташа Ристеска, Ивона Нанческа, Кирил Илиески, Марија Дунимаглоска, Теодора Јовеска, Натали Китаноска, Симона Илиоска, Бистра Петреска, Ивана Кормушоска, Магдалена Кузманоска, Марио Ангелевски, Михаел Милошески, Ивана Илиоска, Јордан Аризанкоски, Меланија Тодороска, Доротеа Дамјановска, Марко Маркоски, Анастасија Христоска, Филип Шабаноски и Ангела Зероска. А меѓу четирите музички блокови на сцената присутните ги забавуваа водителите Елиза Миновска, Филип Димовски и Ангела Јошевска.

На големи маки да се одберат најдобрите меѓу најдобрите, беше жири комисијата: советникот по музичка култура при Бирото за развој на образованието, Горан Стојанов и професорите по музичка култура м-р Татјана Иваноска, Наталија Гарбеска, Марија Димоска и Драган Вељковиќ. На врвот беше Марио Ангелевски, втора Ангела Зероска, а на третото место – Филип Шабаноски. Марио Ангелевски беше прв и на државниот натпревар по соло пеење по менторство на професорката м-р Татјана Ивановска.

Шлаг на музичката “торта” беа специјалните гости, етно групата Љубојна со познати македонски песни. За Гимфест да изгледа како професионален фестивал се погрижија м-р Татјана Ивановска, професорите Мартин Наумоски, Кети Ефремоска, Николче Богданоски, Марта Макеска, Гордица Димитриевска Груеска, Софија Крстеска и директорот Кире Николоски. Активно беше вклучена и Младинската заедница. Средствата од продажбата на билетите беа донирани за лекување на тригодишниот Немања. Претходните години, за манастирот Богородица на Трескавец, за црквата Света Петка, за математичките таленти на Олимпијада…

ОРАТОРСКА ВЕЧЕР ЗА ЖИВОТНИТЕ ВРЕДНОСТИ

Како вешти оратори за “Животните вредности денес” се покажаа гимназијалците Сара Нешкоска, Илчо Лешникоски, Надица Чолакоска, Ангела Митреска, Деспина Силјаноска, Теодора Биноска, Цвете Јанеска, Стефани Мирческа и Анастасија Насевска за Денот на македонската револуционерна борба и 100 годишнината од раѓањето на патронот, Мирче Ацев. За најумешен говорник, Деспина Силјаноска ја прогласи комисијата професори: Рубин Матески, Елена Стојаноска, Димче Настоски и Николче Богданоски, како и претседателот на Младинската, Надица Бунеска. Втора беше Сара Нешкоска, а трета Надица Чолакоска. Учесниците добија благодарници, а победниците дипломи и книги. Доротеа Дамјаноска имаше чест со изведба на химната да ја отвори ораторската вечер. Во паузите, гостите со музички нумери ги забавуваа Марко Цветаноски и Стефан Кукески.

ГИМНАЗИСКА СЕДЕНКА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО

Kraj logoroski ogan se slavea vinoto i prijatelstvoto

Со ритамот на гитарите и убавата поезија, со чисти емоции и закуска со печени костени и топол чај крај логорски оган под отворено небо, е сликата која остана запаметена од гимназиската седенка во вилата Димкар за православниот празник Св. Трифун. Славејќи ја поезијата и пријателството и потсетувајќи на животните вредности, во несекојдневниот природен амбиент уживаа и гостите и родителите кои наздравија за празникот.

ПОЕТСКИ ВРЕМЕПЛОВ ЗА ПАТРОНАТОТ

Prosetka niz vremeto niz poezija i muzika za   patronatot

За патрониот празник, срцата ги растреперија Цвете Јанеска, Виктор Николоски, Александра Илиеска, Давид Гагалески, Ана Петреска, Деспина Сиљаноска, Теодора Тасеска, Марија Јорданоска, Елиза Миноска, Огнен Цветаноски, Сања Котеска, Стефани Мирческа, Андреј Крстев, Димитар Цветаноски, Стефанија Стефаноска, Давор Аврамоски, Теодора Чолакоска, Трајче Маџоски и Елеонора Михаиловска. Со поетската вечер во кафуле, насловена “Времеплов”, прошетаа низ времето, рецитирајќи стихови од македонската народна поезија до денес, каде се најдоа и стихови на гимназијалците Филип Димкоски и Симона Паскоска. Гости на вечерта беа рецитаторите Бобан Алексоски и Ивана Петреска, кои ги започнаа овие поетски вечери. Сценариото беше на Исидора Стеваноска, а водители беа Трајче Маџоски и Елеонора Михаиловска. За музичкиот дел се погрижија Анастазија Христоска, Ивона Нанческа, Михаел Милошески, Меланија Тодороска, Филип Шабаноски, Ивона Кормушоска, Бојан Попески, Стефан Костоски, Андреј Танески, Марко Маркоски и Магдалена Кузманоска. Зад организацијата стоеја менторките Ленка Јованоска, Весна Михаиловска и Татјана Иваноска. Техничка поддршка беше професорот Николче Богданоски со учениците – тон мајстори Марко Цветаноски и Петар Цветаноски и Христијан Стојкоски кој ги изработи плакатот и поканата за настанот.    

Loading