АМБАСАДОРИ НА МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР ВО БУГАРИЈА

ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“

Se razlea makedonska pesna od Prilep do Sandanski

Сергеј Настески, Антонио Трајкоски и Марио Соколески од музичкото училиште во класата народни инструменти кај проф. м-р Мендо Ташкоски одржаа солистички концерт во Сандански, Бугарија. Свирејќи на кавал, тамбура и тапан, младите амбасадори на македонската народна музика, традиција и фолклор, гордо и на највисоко ниво го претставија не само музичкото училиште, туку и градот.

Публиката, воодушевена од професионализмот на младите инструменталисти, ги награди со громогласен аплауз, проследен со овации.

Loading