ВЕШТИ РАЦЕ ЗА МАНДОЛИНА, А БРЗИ НОЗЕ ЗА АТЛЕТИКА

ОУ „Блаже Конески“

1. Mandolincite vtori na drzavno

Како резултат на континуираното работно вложување, како лани, мандолинскиот оркестар од ОУ „Блаже Конески“, под раководство на Марија Неделкоска, се искачи на втората позиција на државниот натпревар во оркестри во Кавадарци. Виза на вештите свирачи на мандолина им беше триумфот на регионалниот натпревар.

2. Pet medali vo Atletika

“Коневци” не само што имаат вешти раце, туку и брзи нозе. На државниот натпревар во атлетика во Куманово се изборија дури за пет места, меѓу кои две први. Давид Царулески и Мелани Бошеска први стигнаа на целта, истрчувајќи 300 метри, одделно, во машка и женска конкуренција. Царулески беше и втор на патеката од 100 метра, а зад него се најде Марко Карески. Бошеска беше нешто послаба во истата дисциплина и ја зазеде четвртата позиција меѓу атлетичарките. 

Loading