НАЈУСПЕШНИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Duri 67 medali od drzavnite megdani

Традиционално, и оваа учебна година, Гимназијалците “покосија” сé пред себе на државните натпревари. За разлика од ланските 33, годинава се пофалија со дури 67 медали. Давајќи í на Гимназијата „Мирче Ацев“ епитет, расадник на таленти и најуспешно училиште не само во градов, туку и пошироко, освојувачите на мегдани со нивните ментори имаа прием кај градоначалникот Марјан Ристески. Тој им оддаде признание, истакнувајќи дека од Гимназијата секогаш излегуваат квалитетни кадри, кои носат врвни резултат и за промоција на општината. Директорот Кире Николоски за најзначајни ги истакна успесите во спортските активности, односно 15 први, втори и трети места, седумте медали од Народна техника меѓу кои четири златни, петте први, втори и трети места по биологија, како и првите три места на државниот по географија.  

Loading