ОТВОРЕН ДЕН ЗА ПОЛУМАТУРАНТИТЕ

СОУ „Ѓорче Петров“        

Devettooddelencite zaintrigirani za strukite od SOU   Gorce Petrov

Дел од полуматурантите накусо почувствуваа каков ќе им биде средношколскиот живот преку отворените врати во СОУ „Ѓорче Петров“. Училиштето организира отворен ден за блиско запознавање со целокупниот просторен и расположливиот материјален капацитет. Професорите и учениците добро подготвени, во пријатна атмосфера, ги презентираа техниките за изведување на практична настава пред љубопитните деветтоодделенци. Интересот го разгорија кога, малку со видео презентации, малку со предавања и показни вежби, домаќините демонстираа како изгледа секојдневната работа на еден стручнак, кој ќе се определи за некоја од струките што се стекнуваат во училиштето. На лице место техничарите од тексилната струка шиеја и изложуваа фустани и разни модни креации “извајани” од нивните умешни раце. Медицинарите местеа болнички кревет, оперираа со инструментите врз “органите” со кои катадневно се среќаваат при практичната настава.

Отворениот ден се искористи и за одбележување на Светскиот ден на медицинските сестри, еден од најпривлечните профили што се изучува.  

{AG}402/medicinsko{/AG}

Loading