МАСОВНОСТА НОСИ УСПЕСИ

ОМУ „Орде Михајлоски – Оцка“

Nadobrite muzicari od drzavniot natprevar

Музичкото училиште не само што активно учествуваше со 49 ученици од сите инструменти и класи, туку се закити и со исто толку награди на тридневниот Државен натпревар на млади музичари во Скопје. Не остана категорија од каде не грабнаа признание. Освоија дури две специјални награди, како и 15 први, 16 втори, 14 трети места и две пофалници. Дури 14 ученици се натпреваруваа по пијано под раководство на Христина Никоска, Денис Најдоски, Игор Николоски, Јулијана Златеска, Славица К. Темелкоска, Александра Андревска и Киро Гаралоски. Виолинисти беа осуммина под менторство на Весна Станкоска и Даниел Јованов. Со менторот Александра Ивановска петмина свиреа на кларинет, со Мартина Пашоска тројца на флејта, а на труба двајца под водство на Ристо Мечески. Во класата на хармоника под менторство на Мартин Колевски и Кети Петреска се натпреваруваа четворица. Гитаристи беа тројца со наставникот Илија Чакароски, а со менторот Борис Миленкоски двајца свиреа на саксофон. Во соло пеење се натпреваруваа четворица под раководство на Леонарда Г. Богданоска, а во солфеж со менторот Киро Гаралоски тројца. Во категоријата камерна музика учество зедоа двајца ученици. 

Loading