МУЛТИТАЛЕНТ „ВРЗАН“ ЗА РАДИОТЕХНИКАТА

ОУ „Гоце Делчев“

Kocoska so klasnata i mentorot Blagica Catleska

Ученичка за пример е Наталија Кочоска од 7-а одделение од ОУ „Гоце Делчев“. Не само што има континуиран одличен успех, тука е и мултиталент. За јазици е тата-мата. Се натпреварува по англиски на Спелинг би и Хиппо. Тренира карате, а во слободно време твори. Со црниот појас од прв дан околу себе, ги полни витрините со меѓународно злато од Србија, со четири бронзени и еден сребрен медал. Силна страна í е радиотехниката, за која неодамна беше првонаградена на државниот натпревар од Народна техника. Љубовта, наследена од татко í, а негувана и низ генската жица на сестра í Ангела, ја развивала и надоградувала со редовна посета во радио клубот “Никола Тесла”. Вооружена е не само со знаења и познавања на техниката, туку и со кондиција што пократко да го истрча непознатиот терен на кој ги бара скриените радиостаници со помош на радиометар.

– Најважно е да се познава морзеовата азбука, оти радиостаницата предава такви знаци и други марифети. Иако изгледа “недостижно”, радиотехниката лесно се совладува со напорни тренинзи, интензивно вежбање и добар учител како што ми е татко ми – кажува Кочоска која има амбиција да открива нови светови.

Таа е позната во семејството на Народната техника како четиригодишен натпреварувач. Претходно била само општински првак, а годинава се избори и за злато на државно. Вредело што три години “се мачела”. Лани била прва и на собирот на радиоаматери на Македонија за аматерска радиогониометрија. 

Loading