КАКО ВО СВОЈ ДУЌАН – ПОЛН ЏЕБ И ПОСЛЕ ПАЗАРЕЊЕТО

Мој Маркет

Bogatstvoto na produkti po dobra cena - Lence   TrajkoskaТргнувајќи од идејата за секојдневната потреба за прехранбени артикли, Ленче Трајкоска веќе десетина години успешно плови во бизнис водите со понудата во Мој маркет. Стекнатата репутација со квалитет и поволни цени í отвора пат да се пробива на пазарот. Доказ е неодамна отворениот, втор брендиран Мој маркет. Наместо да се проширува и да отвори трет дуќан, направила чекор понапред со втор, доста поголем објект со богат асортиман и пристапни цени. Покрај оној кај ОУ “Кочо Рацин” и новиот на фрекфентната локација кај Табаана, не само маалските, туку ги пресретнува и проодните муштерии. Некој слушнал, некој видел и застанал. Полека, полека, граѓаните го откриваат маркетот и стануваат редовни муштерии. И името ги привлекува клиентите и го прифаќаат како свој. 

– Сакавме ем да се заштитиме на пазарот, ем да станеме попрепознатливи. Важно е да се избориш, да се наметнеш. Ги проучивме потребите. Муштериите умеат да прават разлика. Секој бара поевтино. Затоа нудиме стоки со пристапни цени. Им излегуваме во пресрет, а и тие нам. Задоволството е обострано. Најдобро е да се работи каде што може да се успее – вели сопственичката Трајкоска.

{AG}401/market{/AG}

Втурнувајќи се во костец со силната конкуренција, максимално посветена, во двата маркета одржува чекор со бизнис предизвиците, истовремено да биде добра мајка на двете деца. Ценовниот ривалитет и внимателно креираната понуда по мерак и мерка на муштериите, го издвојува Мој маркет од другите и сето тоа се става во служба на купувачите.

Низ годините се одржуваат со постојаната снабденост и разновидност на рафтовите и љубезноста. Затоа се прифатени од муштериите. Атрактивните цени се дополнителна привлечност. И тие одиграле силна улога во создавањето на имиџот на фирмата. Позитивниот однос кон купувачите и широкиот избор во педантно уреден простор, не само што ги задржуваат постојаните, туку се магнет и за нови муштерии. Во суперопремениот амбиент кој нуди потполно ново доживување, а пазарењето го прави задоволство, нема што нема, за сечиј вкус и џеб. Такаречи се нуди “од пиле млеко”. Покрај стандардните прехранбени продукти, маркетот е снабден и со свежо овошје, зеленчук и богата понуда на апетисани. Полните рафтови и полните фрижидери, па и полното ќесе и после пазарењето, се должи на постоењето сопствена лојална картичка за попуст во соработка со светска реномирана фирма застапена во 47 држави, односно во над 500 продажни места во земјава. Ем екстра цени, плус кешбек со Лајонес, што веќе не е исто од каде купуваш.

– Тежок е секој почеток, но се успева со амбиција и верба дека можеш да одиш понатаму. Бизнисот бара посветеност и максимален труд. Пред сé, љубов кон работата. Упорноста и трудољубивоста се исплаќаат. Со време стекнавме искуство, успеваме и растеме. Задоволна сум од подемот на бизнисот во кој влегов без знаења на марифетите на претприемништвото. Кога се трудиш, не може да нема ефект – додава Трајкоска.

Успешноста се задржува и се тераат стремежите напред само со квалитетна услуга. Затоа не е исклучено проширување на бизнисот. Се носат со идејата за синџир маркети на одбрани локации, создавајќи имиџ и бренд на Мој маркет, препознатлив по богатството на продукти по добра цена. 

Loading