СО ПРИРОДЕН ГАС ДО ЗАШТЕДА НА ДРУГИ ЕНЕРГЕНСИ

ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ СЕ ГАСИФИЦИРА ПРИЛЕП

– Приклучокот ќе ги чини околу 6.000 денари за 80 м2 простор

Eko energens doaga vo Prilep“Низ Прилеп, првите количества природен гас ќе протечат најдоцна за две ипол години. Изградбата на новиот магистрален гасовод, делницата Неготино – Прилеп – Битола стартува во јули. Бенефитот од новиот енергенс, први ќе го почувствуваат прилепските компании и домаќинства, чии приклучок ќе ги чини околу 6.000 денари за 80 м2., а ефектите во заштедата на другите енергенси ќе биде огромна”.

Ова го најави Крсте Миладинов, извршен директор на компанијата Македонски енергетски ресурси која е задолжена за гасификација на државата при посетата на прилепските компании.

Според истражувањето на пазарот, најголем е интересот во Прилеп и Кавадарци.

– Посетивме неколку компании каде го видовме интересот за гасификацијата и нивните потреби за нов енергенс. Во јули или август се очекува да почне изградбата на новиот гасовод, делницата Неготино – Прилеп – Битола. Донесувањето на магистралниот гасовод, нуди можност да се приклучат големите потрошувачи во индустријата, а паралелно да оди и гасификацијата на домаќинствата – вели Миладинов.

Гасоводот од Неготино до Пелагонискиот регион е третата, од четирите делници со проектот на гасификација на земјава. За нивната изградба во должина од 265 км., ќе се инвестираат 90 милиони евра.

Za kuso vreme gasot do vrata– Изградбата на првата гасоводна делница од кумановско Клечевце до Штип е во завршна фаза. Останува испитување и на останатите елементи на гасоводот, што значи дека Штип веќе има изграден гасовод, кој ќе се пушти во употреба во јули или август. За година ипол ќе се реализира делницата Штип – Неготино, чија изградба се очекува во следните 30 дена. А во јули и август ќе стартува изградбата на делницата од Неготино, преку Прилеп, до Битола. Со кредит од Дојче банка и Ерсте банк ќе се изградат 204 километри. Останатите 61 км. со реализацијата на клириншкиот долг – објаснува Миладинов.

За градоначалникот Марјан Ристески, со гасификацијата се отвораат големи можности за градот.

– Ова е еден од најкапиталните проекти, заедно со експресниот магистрален пат Прилеп – Градско. Гасификацијата е децениско барање на компаниите и на граѓаните. Реализацијата, како развојна, еколошка и економска потреба, ќе овозможи и изградба на секундарна гасоводна мрежа во градот со што комплетно ќе бидат снабдени и индустриските зони, а и домаќинствата – вели Ристески.

Со гасоводот ќе стопанисува компанијата Мер, а во текот на летото ќе се објави оглас за јавно – приватно партнерство на компаниите кои ќе вршат дистрибуција до крајните потрошувачи односно домаќинствата.            

Loading