ПРЕМИЕРА НА „ОБЅРНИ СЕ ВО ГНЕВОТ“

На осми мај

Zavrsnica na podgotovki na Obzrni se vo gnevot„Обѕрни се во гневот“ од Џон Озборн, во режија на Кристина Димитрова е новата премиера која ќе ја прикаже дел од ансамблот на театарот на осми мај. На камерната претстава публиката ќе ја почувствува интимната атмосфера, бидејќи е дел од дневната соба, сместена во поткровјето на една викторијанска куќа во централна Англија.

Текстот се поставува по точно 60 години од првата изведба и е секогаш актуелен.

– Главните ликови Џими, Алисон, Клиф и Хелена се кираџии и околу нив се врти дејствието. Публиката треба да осети како се чувствуваат младите луѓе, зашто, според Озборн, театарот треба да се базира на чувствата и животот на луѓето – вели Димитрова.

Авторот на најпознатиот негов текст, признава дека постои простор за разни видови на театар, најмногу се за оној што нуди витална, емоционална динамика.

– Театарот продира низ класните бариери и ги урива сите препреки, на патот кон чувствата. Неговиот начин на гледање на театарот, инспирира да се стави на сцена приказна за побуната на младата несфатена повоена генерација, против генерацијата на нивните татковци што го довеле општеството до морално и финансиско пропаѓање. Потоа истите протагонисти го создаваат светот на стариот начин, без да се респектираат потребите на младите. Младите го креваат гласот против реалноста на материјалните вредности, на лицемерието на општеството кон луѓето кои се борат за својот напредок, а не добиваат ништо. Претставата е слика за безволноста, за човечкиот гнев, осаменоста… – додава Димитрова.

Играат Димитар Ѓорѓиевски, Катерина Чакмаковска Клинческа, Илија Волчески, Даниела Ивановска и Андон Јованоски. Костимографијата и сценографијата е на Илина Ангеловска, а автор на музиката е Дарија Андовска. Драматурзи се Ивана Нелковска и Лидија Митоска – Ѓорѓиевска. 

Loading