РУСКИ ФИЛМОВИ ЗА ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА

На 9 и 10 мај по повод Денот на победата ќе се одржи ревија на руски филмови во киното Мис Стон. На големото платно прва ќе биде проекцијата на филмот „Белиот тигар“ од 19 часот, што говори за советски заповедник на тенк кој завршува во болница со амнезија и тешки рани во Втората светска војна Од 21.30 часот ќе биде прикажана француско руската копродукција “Нормандија Неман”. Љубителите на добриот филм на 10 мај ќе можат да го проследат филмот од два дела “Ние сме од иднината”.

ЦК “Марко Цепенков” ја реализира филмската ревија во соработка со амбасадата на Руската федерација во Македонија и Кинотеката на Македонија.

На 7 и 8 мај ќе може да се следат три филмови во 3D техника. Најпрвин детски анимиран од 17 часот, а од 19 и 21.15 ч. наизменично ќе бидат прикажани Before I wake и Civil War.

Loading