СЕДУМ МЕДАЛИ НАЕДНАШ

Гимназија „Мирче Ацев

Nagradenite so mentorite na Narodna tehnikaГимназијалците не само што се редовни учесници, туку и се постојани освојувачи на мноштво награди на државниот натпревар Млади истражувачи од Народна техника. Продолжувајќи ја традиција за биење мегдан во области од науката и техниката, се вратија дури со седум медали. Под менторство на Анета Стојческа, злато освоија Маја Атанасоска за веб дизајн и Елена Спиркоска за примена на софтвер, како и Филип Србиноски за еколошка хемија со професорот Блаже Димески. Второнаградени беа Теодора Тасеска за органска хемија под менторство на Блаже Димески, Ивана Дукоска за аналитичка хемија и Искра Белческа за неорганска хемија водени од Христина Манческа и Симона Димоска за енергетска ефикасност со професорот Кирил Јосифоски.

Loading