ЅВОНИ ЅВОН, ЗА БОН – ТОН

За септемвриските првачиња во селото Канатларци

Slikovnici na turski jazik za decata od pretskolska   vozrastЅвони ѕвон за Бон-тон е насловот на едукативниот прирачник – сликовница, овојпат на турски јазик, кои им беа донирани на децата од турска националност од предучилишна возраст во селото Канатларци. Активноста, која ја шири пораката дека дојде време децата од најрана возраст да учат правила за културно однесување, е првата фаза од проектот “За сите деца” на ВМРО-ДПМНЕ, а во соработка со организацијата ЕДУ КАМАТ, како и со помош на градоначалникот Марјан Ристески и претседателот на советот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Димески. Покрај организаторите, присуствуваа и директори на училишта и градинки од Скопје и Охрид, како и пратеничката Ане Лашкоска.

– Децата од мали нозе се на телефони и таблети и не сакаме да се изгуби книгата како средство и начин на информација. Нашата цел е на децата да им покажеме дека сликовницата е првиот допир со пишаниот збор и прозорец кон светот. Тоа ќе го направиме со нежност, со љубов, со читање – рече Нермин Теловска, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и носител на проектот За сите деца.

Dojde vreme decata da ucat za pravilno i kulturno   odnesuvanjeЗа уште порадосна атмосфера, учениците од најмалите одделенија од ОУ “Кирил и Методиј” ги пречекаа гостите со приредба на македонски и турски јазик како дел од меѓуетничката интеграција.

– На децата им се отвора прозорецот кон културно и етичко однесување, кое ќе ги приближи до наставниот процес. Кај нив се развива љубовта кон учењето и училиштето и доброто однесување, оти тие се нашата иднина. Ние како училиште и натаму преку низа проекти и активности ќе продолжиме да им даваме поттик на нашите ученици да можат во иднина да се изградат како комплетни и добро образовани личности кои ќе бидат нашата гордост – истакна Влатко Кузманоски, директорот на ОУ “Кирил и Методиј”.

Radost i turkanici za knigata za dobro   odnesuvanjeБон Тон е дело на Елима Казлиева, автор на повеќе едукативни прирачници одобрени од Минстерството за труд и социјална политика за употреба во установите за деца.

– Сликовницата содржи едукативни елементи кои треба секое дете да ги усвои од третата до шестата година, односно периодот до 7 годишна возраст се смета дека е оптимален период кога ги учат правилата на културни однесувања кои се трајни. Статистиката зборува дека децата до 8-9 год ако не ги научат спонтанто сите правила и норми, понатаму никогаш нема да ги усвојат – додаде Казлиева.

Покрај Канатларци, планирано е посета на повеќе места каде живее турско население, како и да се прошири проектот и на други јазици кои се говорат низ земјава.

Loading