ФИНКА, ПРВА ПО МАКЕДОНСКИ

ОУ „Кочо Рацин

Nikoloska so mentorot RisteskiОУ „Кочо Рацин“, ем третпат домаќин, ем третпат победник на државниот натпревар по македонски јазик. Финката Фросина Николоска, која од 6-то одделение е во Прилеп, беше годинашниот учесник кој ги понесе лаврите и успешно го одбрани предизвикот да ја одржи традицијата за освојување прво место. На Николоска и на регионалниот, í немаше рамна меѓу битолчани, кичевчани, кривогаштаници и учесници од Долнени и Македонски Брод. Оценувана и за граматика и за литература, кажува дека со лесно поминала. Адут í е дарбата за јазици. Тата-мата е за фински. Лани се натпреваруваше и на англиски, а годинава и за македонски јазик, и извојува победа.

– Бидејќи “цел” живот бев во Финска, не само што ми требаше да се вклопам и да се навикнам на овдешните услови, туку и македонскиот јазик го поставив како предизвик, оти да се изучи граматиката не е едноставно. Тоа што бевме домаќини, беше дополнителен стимул. Очекував успех, оти јазиците отсекогаш ми “оделе”  – додава Николоска.

Презадоволен е менторот Благојче Ристески.

– Не само што се покажавме како добри домаќини, туку успеавме да го оправдаме епитетот прваци и за в година. Фросина имаше одлични резултати на редовните часови. Потајно очекувавме прво место – кажува менторот Ристески.

Иако почнаа со натпреварот небаре на среќа, колку да се пласираат на државен, освоеното прво место на регионалниот им ја засили вербата дека можат повеќе. Доказ е “капарениот” домаќинлак за в година.

Loading