ЗЛАТОТО НЕ Е РЕТКОСТ ЗА „КОНЕВЦИ“

– Од Куманово, државната Народна техника ја „преселија“ во Прилеп

– Со англискиот како подмачкано до ЕЛТАМ во Скопје

– Мандолинскиот оркестар пред уште еден предизвик за прваци во земјава

На учениците од ОУ „Блаже Конески“ им тргна со наградите. Не само што ја “отворија” сезоната на натпревари од општински до државни, туку нема натпревар без да се вратат со освоено високо место, а особено не е реткост златото. Пак го “кршеа” јазикот за англиски, инвентивните изуми од “дома” ги однесоа и во Куманово, а гласните жици ги истегнаа и од пеење и прстите ги виткаа за “везење” на мандолина.  

1.Lajk za mladite najtehnicariНАЈТЕХНИЧАРИ – В ГОДИНА ДРЖАВНИ ДОМАЌИНИ

Учениците и менторите не само што отидоа во Куманово со најмногу млади техничари и природници, туку и се вратија со куп медали од државниот натпревар од Народна техника. Доминацијата им донесе домаќинлак, но овојпат не за меѓуопштинскиот, туку за државното натпреварување. Инвентивноста на најдобрите петмина под менторство на Бранко Бабаноски не мина незабележана ни во Куманово. Зедоа активно учество во пет дисциплини. Распалија со успеси, освојувајќи три први места и едно второ и трета награда. Со злато се закитија Петар Кироваков за фототехника, Николче Стојановски за воздухопловно моделарство и Владимир Лазарески за автоматика. Брат му Виктор Лазарески, грабна сребро за роботика. За бронза се избори Матеј Стојаноски во ракетно моделарство. Носејќи ја Народна техника во Прилеп, задоволството не можеше да го сокрие директорката Марија Дулевска, изразувајќи посебна чест да ја собере Македонија во мало како горди домаќини. Најдобрите млади техничари, заедно со прваците од другите категории, гостуваа на МТВ, во емисијата Голем одмор за 70 годишнината од Народна техника.

3.Mihaela NaumoskaТАТА-МАТА ЗА АНГЛИСКИ

Петтоодделенката Михаела Наумоска и деветтоодделенецот Димитриј Младеновски, водени од наставничката Марга Магдеска, продолжија да го совладуваат и унапредуваат знаењето на англискиот јазик. Не само што пак го “муабетеа” на ЕЛТАМ натпреварот, овојпат на регионалниот, двајцата ги оставија зад себе сите конкуренти и се позиционираа на првите места во своите категории.

 

 

 

 

 

 

 

 

2.Anglicanecot MladenovskiДарбата на Младеновски за англиски не е новина. Лани тој беше единствен првак, кој го претставуваше училиштето, градот и државата на светскиот ХИППО натпревар во Италија. А, Наумоска го наследила талентот за странски јазици од мајка í. Како најдобри, ги чека државниот предизвик по англиски во мај во Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

4.Mandolinskiot orkestar- kontinuirani prvaciВЕШТИ РАЦЕ ЗА МАНДОЛИНА

Како резултат на континуираната напорна работа и безусловното вложување, по примерот на минатите години, мандолинскиот оркестар, под раководство на Марија Неделкоска, триумфираше на регионалниот натпревар во оркестари. Првото место на вештите свирачи на мандолини им донесе виза за државното во Кавадарци. 

 

5.Raspeani grla pod dirigenstvo na BuzeskaА хорот, под диригенство на Лилјана Бузеска, освои втора награда на хорските смотри.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

6.Devojkite naj za kosarkaДЕВОЈКИТЕ ПОДОБРИ ОД ПОСИЛНИОТ ПОЛ ВО КОШАРКА

“Коневци” и натаму потврдуваат дека спортот им е силна страна. Неодамна доминираа на татамите, изборувајќи се дури за пет златни медали во џудо. Овојпат се потеа со скокови под обрачите на кошаркарските терени. Под менторство на Борче Спиркоски, девојките беа подобри од момчињата, искачувајќи се на врвното место на тронот на регионалниот натпревар во кошарка. Посилниот пол се закити со трета награда. И едните и другите ќе се докажуваат на државен.

“Диплејќи” награди насекаде, учениците од ОУ „Блаже Конески“ ја демонстрираат дарбата и крунисувајќи го училиштето со епитетот, расадник на таленти.

Loading