ЧЕТИРИ ЛЕНТИ НА „11 ОКТОМВРИ“ И „ДИМО НАРЕДНИКОТ“

– Посипани со чакал сите неасфалтирани селски улици

Pretstoi asfaltiranje na  desetici ulici - Lipco MitreskiСо подобрувањето на временските прилики, се интензивира комуналната активност на полето на изградбата на улици и локални патишта, иако и зимоска машините не беа во лер и работниците од повеќе фирми, ангажирани по тендерите, не седеа со скрстени раце. Според програмата за уредување на градежно земјиште на Прилеп, за 2016 година предвидени се повеќе активности за подобрување на патната инфраструктура во Општината. Градежните работи се почнати на повеќе проекти.

Според Љупчо Митрески од одделението за општински патишта и улици,  финишира асфалтирањето на патот до селото Волково.

 

Brzo do vikendickite kaj Markova Cesma– Асфалтното поврзување на градот со Волково се реализира преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во соработка со локалната самоуправа. Патот е долг  3800 м., со асфалтен коловоз со широчина од 3,5 м. Паралелно се асфалтираат две улици во селото Големо Коњари, со вкупна должина од 700 м. И тоа е проект на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и општината, Прилеп – вели Митрески.  

Cakal na sekoja selska ulicaПоследниве неколку месеци со тампонирање на улиците е подобрена уличната мрежа во 14 населени места во општината.       

– Во градот се одржуваат улиците со затворање на ударните дупки. Се подготвува градбата на улица “Велко Јанкулоски – Стариот”. Едновремено ќе се изведува и улицата и ќе се поставува атмосферска канализација – кажува Митрески.

 

Po mazno do seloto Volkovo
Предвидена е реконструкција и рехабилитација и одржување на повеќе улици.

– Улицата “Димо Наредникот”, на потегот од судот до градската река, и улицата “11-ти Октомври”, на потегот од вкрстувањето со улицата “Александар Македонски” до улицата “Кеј 9-ти Септември”, ќе се реконструираат според урбанистичките планови со среден разделен појас, четири коловозни ленти, велосипедски патеки и тротоари.

Proekcija na kruzniot tek TabanaВо тек е постапката за кејската улица “1-ви Мај”, од старата автобуска станица до мостот “Димо Наредникот”. Ќе се рехабилитираат повеќе улици и ќе се изведуваат тротоари и пешачки патеки.  Улиците “Браќа Нунески” и “Киро Нацески” во Бончејца, по многу години ќе добијат нов слој асфалт. Ќе се изведуваат улици во новата населба Градина, по завршувањето на изведбата на канализационата и водоводната мрежа – вели Митрески.

Seta Trizla vo asfaltГодинава ќе се изработи и техничка документација за повеќе проекти за улици и патишта.

– Значаен е проектот за новата крстосница со кружен тек Табаана. Предвидена е нова мостовска конструкција на градската река, на вкрстосувањето на  улиците “11-ти Октомври”, “Кеј 1-ви Мај” и “Кеј 9-ти Септември” – заклучува  Митрески.

За општински патишта се категоризирани 44 патни правци со повеќе од 210 километри, а градот располага со улична мрежа од околу 170 километри. Заедно со улиците по селата кои се околу 100 километри, општинската патна мрежа е долга околу 500 километри. 

Loading