ДЕМОКРАТИЈАТА ОД РАЗЛИЧЕН АГОЛ

Во пресрет на предвремените парламентарни избори

Bujat patriotski cuvstva niz poezijataПрилепчани, како и повеќето граѓани на Македонија очекуваат излез од политичката криза, откако претседателот на собранието, Трајко Велјановски ги распиша предвремените парламентарни избори за 5 јуни, кои првично се очекуваа за 24 април. И додека тече роковникот за избори, предвиден од ДИК, минуваат денови во кои спротивставените политички табори различно ја доживуваат и практикуваат демократијата и спроведувањето на договорот од Пржино, кој предвидува нов парламентарен состав на собранието кое веќе е распуштено.

Protesten mars  kontra IvanovСе одржуваат паралелни протести на движењето #протестирам, но и контра-протести на приврзаниците на граѓанската ГДОМ.

Опозициската СДСМ бара претседателот Ѓорге Иванов да ја повлече аболицијата на лицата против кои Специјалното јавно обвинителство води истрага и да се одложат изборите закажани за 5 јуни. Од камената бина протестантите се упатуваа и пред зградата на Општина Прилеп фрлајќи јајца.

Hepening pokraj istorijataПред споменикот Карпалак се одржа собир со наслов “Резервна Македонија немаме”. Прилепски автори рецитираа патриотска поезија, а се обрати и членот на Граѓанското движење за одбрана на Македонија, Филип Петровски.

На Паркот, на Могилата на непобедените, се одржа спортско-музички хепенинг, насловен како “Прилеп со љубов за Македонија”.

 

Demokratski poledici na plocnikotВо Старата чаршија “никнаа” и графити.

Со продлабочување на политичката криза, бизнис секторот стравува за економската стабилност. 

Loading