ЗЛАТНИ РАЦЕ ЗА ТОПКА

ОУ „Гоце Делчев“

Zlatni momcinja vo rakometТрета година со ред, освојуваат злато на државниот натпревар во ракомет, деветтоодделенците Илчо Ивчески, Дино Еленин, Даниел Рувчески, Давид Настески, Александар Стојкоски, Борко Петрески, Николче и Мики Неделкоски, како и седмоодделенците Божидар Илиески и Владимир Трајкоски од ОУ „Гоце Делчев“. Како претходни прваци, влегоа опуштени на општинскиот натпревар. Вториот меч, со екипата на ОУ “Климент Охридски”, им бил клучен, оти не само што ги однесе на регионалниот, туку победија лесно, совладувајќи ги кавадарчани и гостиварчани. Таков натпревар дочекале само на државното, играјќи против домаќините, велешани, а дотогаш, небаре играле ревијален меч со добропознати противници.

– Беше исклучително напорно на државното. Првин игравме со домаќините пред 400 деца. Првпат видов толку публика, бидејќи фудбалски прволигаши играат пред помалку навивачи. Тоа создаде плус притисок. Играта им беше впечатлива. Беа подготвени и усогласени, оти се од ист клуб. Неизвесно беше до последна минута. Се стегнавме, покажавме заби и стасавме до финале. Знаевме дека целта ја остваривме, а сé друго беше бонус – кажува капитенот и голман Илчо Ивчески. 

Опуштени, со доза на сигурност, откако претходно се испотија, лесно ги совладаа беровчани со 21:15, закитувајќи се со титулата државен првак. Клучен во напад бил Еленин, а во одбраната Настески, кој држејќи го срцето на одбраната цврсто, ја вадел екипата од сите каши каде што згрешиле.

Петмина од 10 члената екипа, се активни ракометари во пионерски, кадетски и младински лиги. Иако тренираат во различни клубови, но со поддршка од наставникот Зоран Бунески, се усогласија и тригодишната сплотеност резултираше уште со еден златен пехар, кој му го подарија на директорот Трајче Каралиоски.

Loading