СО ЕДЕН ПОВИК ДО ЧИСТ ДОМ

Агенција за чистење Лумен

I higienata e bisnis - Pace Risteska -sopstvenicka na LumenБез оглед дали е потребно еднократно, дневно, неделно или месечно чистење на домот или канцеларијата, агенцијата Лумен со одбран тим стои на располање да го светне просторот и да ги ослободи сопствениците од било какви грижи поврзани со хигиената, пружајќи беспрекорна чистота и сјај преку брза, професионална и поволна услуга. Им помага на зафатените на кои брзото темпо на живот не им остава многу време за посветување на адекватното дотерување на станбениот и деловниот простор. Со тимот обучени хигиеничари зад кои стои Паце Ристеска, прозорците, вратите, кујната, тоалетото, бањата, мебелот, подовите ќе заблескаат од чистота. Пајажината и прашината ќе исчезнат со користење професионални машини и атестирани средства за чистење со пријатен мирис и нештетни по здравјето.

Сопственичката го печела “занаетот” шест години. Стекнатото искуство ја охрабрило и самостојно се нурнала во неизвесните бизнис води.

– Почеток беше тежок, новина за градов. Како регионален застапник на Серта за Прилеп, Битола и Ресен ја форсирав подружницата. Полека, со препораки од задоволните муштерија, ги освојував симпатиите и на потенцијалните клиенти. Се исчеличив со обука уште на 50 души. Ги бркав работите и трчав за себе – кажува Ристеска.

Бизнисот е ориентиран на чистење куќи и станови, деловни простории, гланцање стакла на било која височина, секаков вид подни површини, плочки, дрво, мермер, теписони, килими. И перење мебел, седечки гарнитури, душеци, перници, столици, канцелариски и угостителски мебел. После третманот со професионална машина за перење од Англија, која длабински ја шмука прашината, мебелот не само што изгледа како нов, туку го подобрува престојот, па и дишењето, и здравјето воопшто. Со посебни четки на машината се отстранува прашината, бактериите и разните нечистотии. Перат и килими и теписони. Светнуваат канцелариските завеси и ентериерот на автомобилите. Се вшмукува и водата со нечистотии при поплави. Цената се договара. Зависи и од обемот, од површината, квадратурата. Не е скапо да “се крева косата”. Постојано се контролира квалитетот на услугата и опремата и хемиските средства. Определуваат стручни работнички според големината за да се среди тип-топ објектот за најкус можен период. Неколкугодишното искуство е гаранција дека се добива договореното. Водејќи се од целта за одржување чист и здрав животен простор, од година на година расте бројот на задоволни клиенти и дологодишни соработници. За тоа сведочат секојдневното или повременото ганцнување на приватни и деловни објекти, како локали, дуќани, ресторани, фабрики и сл., меѓу кои и Пиварницата, Униројал, Универзитетот Гоце Делчев, Комбинатот во Крушево, општината во Кривогаштани, Болницата, голем број училишта… “Покорени” за хигиена í се и битолчани, кичевчани и крушевчани. После Велигден ќе го чистат и манастирот Зрзе.

– Сé си носиме, од прибор до средства. Муштеријата може слободното време да го искористи за најблиските, а чистењето да ни го препушти нам – додава Ристеска.

Редовно се ангажирани 10 жени, со кои Ристеска е заедно веќе десетина години. Припомош í се уште 16 сезонци, дури и двајца мажи за чистење стакла. Ристеска не е само стопан, туку и таа држи смена за чистење. Во движење е постојано, дури и ги разнесува работниците од еден до друг објект.  

– И 4-5 саати и две жени се доволни куќата да биде темелно хигиенски третирана ефективно. Кога заминуваат работничките, ја замолувам газдарицата да провери дали е сé во ред. Училиште од 1000 квадрати го чистиме за два дена. Напорно е, но ако ја сакаш работата, нема тежина. Генералката е најбарана во куќи и станови, особено за Велигден и Бајрам. Препорачувам барем три-четирипати годишно од корен да се светне домот, да се истрга, да се избрише. Оние што немаат време и можат да си дозволат, нé бараат еднаш неделно за чистење – кажува Ристеска.

Со квалитетот се труди да биде ангажирана на поголеми објекти, заради поголема сигурност на жените. А поголемиот ангажман, бара и повеќе вработени. Полека и сигурно го проширува патот на прогресот на фирмата.

Loading