МЛАДИНЦИТЕ ЈА ИГРААТ „ЖЕНИТЕ НА ЏЕЈК“

Младинското Драмско Студио „Чин 4 Сцена 5“ в понеделник од 20ч. премиерно ќе ја одигра претставата „Жените на Џејк“ од Нил Сајмон, во режија на Борче Василески. Психолошката драма во голема мера го отсликува самиот живот на авторот.

Комедијата е за шест жени кои на различни начини ја искажуваат љубовта и го “збудалуваат” Џејк.

Играат Борче Василески, Емилија Чавлеска, Деспина Јосифоска, Сара Спиркоска, Надица Дојкоска, Евгенија Јакимоска и Викторија Цветаноска.

Loading