ПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ „ЏГАН“

Дебитанскиот игран филм на режисерот Вардан Тозија „Џган“ вечерва и утре ќе се прикжува во киното Мис Стон од 20.30 часот. Најновиот македонски филм е интересна сторија за низа свирепи околности кои претвораат тивко и повлечено момче во суров, бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од Дом за деца без родители. Тие се жедни и слепи за одмазда кон светот, што им нанел болка и страдање. Светот за нив е џган.

Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски.

На 19 април филмаџиите ќе уживаат во 3D кино претстави, од 17 часот Кунг Фу, од 19ч. Новите авантури на Аладин, а од 21.15ч. Дед пул.

Loading