Подготовки за МТФ „Војдан Чернодрински“
Уметничкиот директор и селектор на МТФ „Војдан Чернодрински“, Петар Темелковски, ги следи претставите од ансамблите во земјава пријавени за 51 издание на фестивалот. После тоа ќе ја донесе одлуката за избор и учество.
Пријавени се околу 40 претстави.
– Завршувам со гледање до крајот на април. Во првата декада на мај ќе соопштам кои претстави ќе бидат дел од годинашниот празник на театарот. Ќе го одберам најдоброто – вели Темелковски.
Дополнително ќе биде утврден и датумот за почетокот на фестивалот.