ГОСТИ В КАСАРНА

ОУ „Климент Охридски“

Ucenicite kaj vojniiciteКасарната „Мирче Ацев“ ги отвори вратите за децата од ОУ „Климент Охридски“ за денот на артилерискиот баталјон. Учениците од 4-2 и 4-4 одделение, построени и со полно внимание, го слушаа обучениот офицерскиот кадар кој им расправаше за функцијата на гарнизонот. Се воодушевуваа од презентираното оружје и се поткреваа на прстите подобро да ги видат расположливите оружени ресурси на единицата. Восхитени и од храброста и од улогата на припадниците на гарнизонот, беа благодарни за овозможената необична средба, лице в лице со војниците и старешините. 

{AG}398/kliment{/AG}

Loading