ПОТТА НОСИ УСПЕСИ

Во пролет никнуваат и мноштво награди во ОУ „Блаже Конески

– Четворица најматематичари одат кон врвот во земјава

– Растур на ХИППО натпреварот по англиски јазик

– Дури 16 природници и техничари утре на државна Народна техника

– 12 државни џудо медали

Успеси не престанува да жнее ОУ “Блаже Конески” пред уште едно тримесечие од учебната година. Иако регионалните и државните натпревари престојат, не може, а да не се прескокнат досегашните постигнувања кои се плод на ангажираноста и знаењата пренесени од наставниците на учениците. Тука се “борбите” во клупите со бројки и математички операции, “кршење” на јазикот за странски јазици, до изнаоѓање инвентивни изуми во 16 области, потоа измачувањето со биологијата до потењето на татамите за џудо медалите. Учениците од сите одделенија демонстрираа невидена дарба, давајќи му круна на училиштето како расадник на таленти.

МАТЕМАТИКАТА КАКО ПЕСНА

Математиката од која многумина ги боли главата, не беше потешкотија за “коневци” на регионалниот натпревар. Со менторот Игор Богданоски од шестоодделенците најдобар беше Давид Елим со 90 поени, а Марко Пирганоски “грабна” трета награда. Ниту на петтоодделенката Бисера Јандреоска í немаше рамна. Го зазеде првото место. Меѓу осмоодделенците, второпласиран беше Александар Гулабоски.

Anglicanite Arsovski i MladenovskiВО ИТАЛИЈА ЗА АНГЛИСКИ

Деветтоодделенецот Димитриј Младеновски воден од наставничката Марга Магдеска се зафати со англискиот јазик. Лани беше единствен првак кој го претставуваше училиштето, градот и државата на светскиот ХИППО натпревар во Италија, а годинава беше првак на натпреварот од ЕЛТАМ. Од петтооделенците, Михаела Наумоска беше прва на ЕЛТАМ натпреварот, а Бојан Здравески беше пофален. По стапките на Младеновски тргна Давид Арсовски од 9-4 одделение. Освојувајќи го првото место на регионалниот ХИППО, не изостана да се докажува на полуфиналето на интернационалниот ХИППО натпревар. Покажа одлични резултати на прелиминарната рунда и се пласира и во полуфиналето. Неговиот успех го повторија и шестоодделенците Леона Петреска и Димитар Ангелески под менторство на Васе Василоска. Финалето, како и лани е во мај во Лидо Ди Јесоло, Италија. ОУ “Блаже Конески” негува надеж дека и годинава ќе се радуваат на уште едно одлично дружење и патување во Италија.

ДОМАЌИНИ – ОСВОЈУВАЧИ НА НАГРАДИ ЗА ИЗУМИ

OU Blaze Koneski domakin na natprevarot od Narodna   tehnika“Коневци” не само што беа домаќини на 40. меѓуопштински натпревар на млади техничари и природници за 70 годишнината од Народна техника, учествуваа во 16 дисциплини. Инвентивноста во проектите не мина незабелжана. Освоија осум први места, а по четири втори и трети места.  Со успеси ќе “распалат” и утре во Куманово на државниот натпревар од Народна техника.

Под менторство на Бранко Бабаноски, најдобри беа браќата Владимир и Виктор Лазарески за автоматика и роботика, Петар Кироваков за фото техника, за ракетно моделарство – Матеј Стојаноски, а Николче Стојановски за воздухопловно. Први места зедоа и Далибор Кафеџиоски за сообраќајно моделарство со менторот Петар Андоноски, Натали Десоска со менторот Павлинче Темелкоска Ристеска за агротехника и Хелена Зографоска за применета математика со Игор Богданоски. Второ место освоија Денис Богески за бродомоделарство под менторство на Петар Андоноски, Божидар Кукески за компјутерска техника со Нашата Ристеска Проданоска, за применета биологија, Ева Белочоска со наставничката Васе Антуелеска и Михаела Мојсоска за применета географија со Зоран Николов. Трети беа Валерија Дамевска за применета физика со Бранко Бабаноски, Викторија Дунимаглоска за применета хемија под менторство на Павлинче Темелкоска Ристеска и под менторство на Петар Андоноски – за екологија Михаела Котевска, а за градежништво – Христијан Мирчески.

АКТИВНИ БИОЛОЗИ

Mnogu gi ima oti i mnogu nagradi osvojuvaat po   biologijaЕвгенија Стојаноска после неколку “борби” во клупата, решавајќи прашања по биологијата, се “испоти” за билет на државниот натпревар на крајот од месецов. Патот до успехот не í беше послан со рози, оти на општинскиот едвај стигна до пофалница. На регионалниот ги “засучи” ракавите и зеде втора награда за да се нареди меѓу 18 – те “коневци”. Таа е единствениот претставник на државниот под менторство на Анета Николоска.

Претходно, на општинскиот по биологија од 23 ученика од ОУ “Блаже Конески”, само Дамјан Павлоски беше прв. Втората позиција ја зазедоа Викторија Бунтеска, Ангела Игнатоска, Михаела Сотироска и Ева Рипилоска. Трета награда зедоа Михаела Петровска и Александар Биноски, а пофалници Евгенија Стојаноска, Ирина Стеваноска, Михаил Стојкоски, Флорентина Велјаноска, Ивона Павлоска и Христина Спиркоска. Од нив, дури 18 се натпреваруваа на регионалниот, каде настана пресврт. Втори беа Дамјан Павлоски, Ангела Игнатоска, Ирина Стеваноска, Евгенија Стојаноска и Ивона Павлоска. Трета награда зедоа Михаела Сотироска, Флорентина Велјаноска, Михаил Стојкоски, Далибор Кафеџиоски, Александар Гулабоски и Ева Рипилоска.  Пофалниците отидоа во рацете на Михаела Петровска, Александар Биноски, Марија Томеска, Иван Крстески и Викторија Бунтеска.

Nema sportski natprevar bez Konevci da ne grabnat   medaliДОМИНАНТНИ И ВО ЏУДОТО

Најмногу медали, дури пет златни меѓу 12 освоени, грабна ОУ “Блаже Конески” на државниот џудо натпревар во Кавадарци под менторство на Тања Јованоска, Борче Спиркоски и Тони Николоски. Не се враќаат без медал од борбите на татамите. Во соодветните категории им немаше рамни на Марија Томеска, Гоце Ристески, Марко Кироваков, Михаел Павлоски и Менде Кироски, кои се закитија со злато. Не помалку вреднни се сребрата за Наталија Димеска, Никола Томески и Лука Петејчук. За бронза се изборија Марија Горгиоска, Валентин Цанески, Мартин и Димитар Петрески. 

Loading