ОД ПОД ДО ПОКРИВ, СМЕНЕТО ВО ВТОРИОТ ДОМ

Николче Кузевски, директор на ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“

– Променет е покривот, дограмата, подовите, а поставено е и парно греење

– Реконструирани се санитарните јазли

– Капитален проект наскоро е изградба на спортска сала

Ucilisteto dozivuva prerodba oti celta e podobruvanje na   rabotnata sredina i za ucenicite i za nastavnicite - direktorot   KuzevskiПостојаните инвестиции во образованието со цел да се подобри квалитетот и условите во кои учениците стекнуваат нови знаења, се од огромно значење за формирање на квалитетни кадри кои храбро чекорат во иднината и ќе се соочуваат со предизвиците. ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” е едно од училиштата кои во изминатиот период доживеаја целосна инвестициска преродба. Директорот Николче Кузевски со огромно задоволство зборува за проектите и за сѐ што е инвестирано.

Во периодот од 2006 до 2015 година во училиштето многу се инвестираше. Целта, секако е подобрување на работната средина како за учениците, така и за наставниците?

– За да можат учениците да напредуваат, а наставниците беспрекорно да ги извршуваат обврските, потребни се добри услови. Училиштето беше со стара и дотраена дограма, стар покрив, врати, подови и без централен систем за греење. Знаевме дека ќе трае долго процесот на реновирање. И почнавме. Сите проекти немаше да се остварат доколку не ни беше дадена безрезервна помош и поддршка од Локалната самоуправа и Министерството за образование и наука. Тоа придонесува за поголем успех на училиштето и дополнителна мотивираност на наставниот кадар. 

Покрај тоа што училиштето напредува на организациски и воспитно-образовен план, реализирани се многу проекти од инфраструктурен карактер?

Timot od OU Kire– Комплетно е извршена промена на дотраената дограма со нова пвц-дограма во вредност од 90 илјади евра. Променети се и подовите со висококвалитетен линолеумски под. Проектот го финансираше Локалната самоуправа за 4,2 милиони денари. Извршена е и санација на фасадата и адаптација на кабинетите, за што беа инвестирани 1,8 милиони денари, пари од локалниот буџет. Извршена е и промена на стариот покрив од салонит со покрив од пластифициран лим. Сменети се влезните врати во училниците. Набавени се нови клупи и ормари, но не е изоставена ни просторијата за наставниот кадар. Тука не запираат проектите од инфраструктурен карактер.

Капитален проект е инсталирањето на централното, парното греење?

– Еден од поголемите проблеми со кои се соочуваше училиштето уште од почетокот на постоењето беше греењето. Стариот систем на греење мораше да се замени со нов, современ начин на греење. Идеја и желба постоеше, но таа стана реалност дури во 2015 година на огромна радост на сите, а најмногу на учениците. Училиштето за време на летниот распуст се опреми со сопствен централен систем на греење по најсовремена технологија. Капиталниот проект драстично ги подобри условите, пред сé, за учење. Подобрена е хигиената. Со инсталацијата на овој централен систем на греење се реши зачаденоста на училниците и ходниците. Чистотата е на високо ниво, а најважно е што целото училиште рамномерно се затоплува – училниците, кабинетите и ходниците без чадот од печките на тврдо гориво. Централниот систем на греење по најсовремена технологија се овозможи со средства од Министерството за образование и наука.

Промената на дотраените и стари подови со нови подови од линолеум, значи здравје?

– Подовите чија старост беше колку и училишната зграда беа извор на прашина, предизвикуваа алергии, собираа влага. Промената на сите училници и кабинети заврши во август. Предноста на новите подови е во одржувањето на хигиената со антибактериски и антистатични карактеристики и се со голема издржливост.

Sportot i humanosta se vodeckiВо владиниот проект за изградба на 145 спортски сали е и вашето училиште? Тоа е инвестиција во здрава училишна младина?

– Следен капитален проект што очекуваме да се реализира е изградбата на спортска сала. Проектот ќе се оствари наскоро. Не престануваат залагањата за поставување на подобри услови за работа и учење. Сѐ што правиме е за доброто на учениците, да можат да учат во најдобри услови и со најсовремени помагала, што им помога во остварувањето на врвни резултати. Нивниот успех е и наш успех и гордост.

Реализирате настава под ведро небо?

– Изграден е ученички парк со училници на отворено на површина од 3 декари, санирани се и реконструирани санитарните јазли, училиштето е комплетно оградено за поголема безбедност. И библиотеката е целосно реновирана и опремена со нов мебел. Претставува топло катче за престој на учениците во слободното време и за другарување со книгите. Набавена е и нова литература и лектири. Реконструирана е постојната училишна сала. Инсталирана е громобранска опрема за безбедноста на училиштето.

Успешноста е резултат на одличната комуникација и соработка, не само со Локалната самоуправа и Министерството за образование, туку и со родителите?

– Од неуморноста и креативноста на наставниот кадар и  одличната соработка со Советот на родители, нивните идеи и сугестии, произлегоа многу корисни проекти. Најзначајни се Денот на здравата храна, Велигденскиот панаѓур, работилници итн. Одличната и континуирана комуникација со родителите игра клучна улога во заедничкото воспитување и образување на учениците. Велигденскиот панаѓур ја поттикнува креативноста и претприемачкиот дух кај учениците и влијае на развивање на хуманите вредности кај секој во пресрет на големиот христијански празник. Денот на здравата храна е наша идеа која произлезе пред три годиниза развивање на свеста кај учениците, но и кај возрасните за користење на здравата храна како услов за добро здравје и квалитетен живот. Сето ова придонесува да се препознае способноста и посветеноста во работата на училиштето. Сé повеќе родители ни ги доверуваат нивните деца. Од година во година, бројот на првачиња е сé поголем. Во 2015 г. се запишаа 126 првачиња што е рекорд во изминативе дваесетина години.

За целокупниот напредок и за реализираните проекти, како од наставен така и од инфраструктурен карактер и добиени признанија, лани на предлог на Советот на родители, Советот на Општината одлучи ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” да се закити со највисокото општинско признание – Плакета 3 – ти Ноември?

– Сите реализирани проекти, сите добиени награди и признанија, се огромен поттик и мотив да продолжиме уште посилно и посветено да работиме во подигнување на нашите најмлади во здрави образовани индивидуи кои треба да ја градат нашата иднина.

ХУМАНОСТ И СПОРТСКИ ВРЕДНОСТИ

Во насока на афирмирање на хуманите вредности, се организира хуманитарен турнир во фудбал. За помош на опожарената куќа на десетчленото семејство Салиески, со парични донации учествуваа сите деца од шесто до деветто одделение. Играа фудбал, покажувајќи ја големината на детските срца. Активноста беше спроведена во соработка со Црвен крст.

Loading