КАРТУШЕВЦИ ЈА ОТВОРИЈА ЖЕЛЕЗНА ВРАТА

Planinarski voshit od MariovoСедумдесетина планинари на друштвото Картуш не се делат од природата секој викенд. Последниот, уживаа во панорамата на Мариово во околината на селото Витолиште, местата Железна врата, Трибор, Аеродром и Бела чешма. Маршираа околу 22 километри низ столетните борови и полјаните во раната бујна пролет, погодна за плакнење на очите. Не се заморија, туку ги наполнија батериите со енергија за следната работна недела. Закажаа нова прегратка со природата.

Loading