СТАРО „БИТОЛСКО ЏАДЕ“

Kako inka ulicata Kral Petar -  Bitolsko dzadeПо кажување на постарите, ова е една од главните „сообраќајници“ кои го поврзувале Прилеп со Битола. Околу 40-тите години од минатиот век, улицата се нарекувала “Крал Петар”. Сега името и е “Александар Македонски “. Тоа било дел од познатото Битолско џаде кај театарот и Архивот. Улицата била како правлив друм. Наредени се и интересни градби. Со дрвени еркери, високи вертикални тесни прозорци, даваат посебен шмект на просторот. Лозниците и свежо насадените дрвја се заштитени од несовесните со мрежа, да не ги скршат кревките стебла. Засадени се на улица, покрај тротоарот, кој и го нема.

Уште е зачуван Архивот. На местото од трпезаријата на црквата “Свето Благовештение” уште стои познатата предвоена гимназија. Постарите кажуваат дека изгорела во пожар.

Децата укажуваат дека животот бил маалски. 

Loading