Седумдесетина планинари на друштвото Картуш не се делат од природата секој викенд. Последниот, уживаа во панорамата на Мариово во околината на селото Витолиште, местата Железна врата, Трибор, Аеродром и Бела чешма. Маршираа околу 22 километри низ столетните борови и полјаните во раната бујна пролет, погодна за плакнење на очите. Не се заморија, туку ги наполнија батериите со енергија за следната работна недела. Закажаа нова прегратка со природата.