Старата чаршија низ вековите била богата со ковачи. Граѓани и селани вриело покрај ковачките занаетчиски дуќани. Барале алати и други железни предмети за запрегата, за животните потреби. Секири, казми, српови, потковици и други железни елементи се продавале кај ковачите. Тие биле плод на напорниот труд со многу црнило на кожата на мајсторите и калфите.
Да се создаде секира било потребно капнатите мајстори да го загреваат железото на висока температура. Тоа се постигнувало со јаглен и со импровизирана кожена пумпа која се викала мев. Огнот на ќумур се засилувал со мевот што се движел се пумпање со раце, додека не се зажари железото. Црвено омекнатиот метал, ковачите го удирале и тегнеле со чекани да го оформат во алат според потребите. Секогаш засукани во ракавите, покрај пламенот, испотени и саѓосани во лицата, со долги метални клешти го ваделе вжареното железо да го удираат силно на наковалната. Тоа попуштало и се раширувало под притисокот на вештите удари од чеканот. Ако не се оформи доволно, пак се загревало, додека не ја добие саканата форма. На крајот се калело со ставање во вода да заклокоти.