АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Од измеќари во општеството не може друго да очекуваш освен се’ да распродадат.

*

Во процесот влетуваат и оние кои немаат врска за што станува збор.

*

Последниот дудук сака да биде угледен.

*

Не си човек ако главата ја нурнуваш во песок како ној.

*

“Страв од летање” – страв од мислење.

*

Живеат во удобна сегашност, а на другите им ветуваат блескава иднина.

*

Цунами од народ?!

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading