ДЕЛА НА КРУНИСЛАВ СТОЈАНОВСКИ

За 20 годишното творештво, љубителите на ликовната уметност на 14 април, в четврток, во 20 часот во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков” ќе можат да ја проследат изложбата “Циклуси” од академскиот сликар Крунислав Стојановски. Авторот, кој живее 20 години во Загреб, ќе се претстави со дел од осумте творечки циклуси, во кои доминира експресивниот карактер.

Изложбата е во рамките на проектот “Кич, да?! /сте или не/”.

Уметникот слика, црта, креира амбиентални инсталации, фотографира, работи на видео, пишува и едуцира.  Во творештво преовладува социјалната, хуманистичката, еколошката и политичката конотација, акцентирајќи го поединецот и значењето во глобалното општество.

Покрај создавање, организира уметнички проекти од меѓународен карактер. Се претставил на повеќе од 40 самостојни изложби во светот. Бил дел од уметничката програма на УНЕСКО во Франција. Добитник е на повеќе меѓународни награди и е член е ХЛУ и на Хрватската заедница на самостојни уметници.    

Стојановски дипломирал на Ликовната академија во Загреб во 1998 година. Дипломирал и на академијата во Салцбург, Австрија. Се усовршувал и во Финска.

Loading