Завод и Музеј
Завод и музеј три години ќе го евидентира богатото културно наследство на 170 цркви во Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Долнени. Се реевидентираат икони, фрескоживописи и црковната архитектура, односно ризницата на културно благо.
– Најмногу од иконите датираат од 17 до 19 век, а постарите се сместени во Галеријата на икони. Иконите се творби со голема уметничка вредност не само од сликарски, туку и од композициски аспект. Првпат најдовме вредни икони во кривогаштанско. Ова е големо богатство – вели кустосот Мимоза Христоска.
Моментно се работи во крушевскиот регион.