ЧИСТЕЊЕ КИЛИМИ СО ПАРФЕМ

М&Г Тепих центар

Temelno osvezuvanje na domot so masinski tretman na tepisite - Goran TrajkoskiНовата фирма М&Г – Тепих центар чисти и парфимира домашни теписи најмногу за 24 часа, освежувајќи го домот и давајќи му нов лик и сјај. Мискојната во домаќинството без прашината од топлите подови се чини со новата модерна машина. Ги светнува и обновува како нови влакната на килимите, теписоните, синтелоните, иако не биле хигиенски третирани со години. Потребно е само јавување на телефонот 076 200 225 и службата ќе се “нацрта” пред вашиот дом да го земе килимот и да го врати речиси сув барут небаре натурен со ливанто, без мрсни дамки и други флеки, и тоа за неколку часа истиот ден. Во новата фирма се нарачува и домашно чистење на залепени тврди теписи со подвижна машина со детергенти и со шмукалка на вода. И камените и керамичките подови се предмет на чистење. 

Леснотијата во одржувањето на чистотата на домашните и  деловните килими, патеки и други подови ја прават партнерите Горан Трајкоски и Милан Чопелоски. Тие ја открија иднината и вложија доста средства во набавка на современа опрема во фирмата Тепих центар М&Г. Паралелно размислуваат и за надградба на масовна набавка на машини за перење и хемиско чистење на алишта, постелнини, дури и јоргани, ќебиња, прекривки, јамболии и перници.   

masinata sto pravi cuda vo domakinstvata– Нема веќе тресење, перење, кревање, сушење на теписи. Со машинскиот хигиенски третман во мал погон за перење, килимите се светнуваат како џам. Процесот опфаќа машинско тресење, дезинфекција во базен со антибактериолошко средство, автоматско перење, со повеќе процеси, плакнење, вадење ѓубре, чистење на влакната, пеглање и отворање во целосната должина и широчина, па и сушење до 95 отсто. На крајот е пакувањето во најлонски фолии и транспорт. Од дома ги земаме и ги враќаме. Средствата, шампоните, хемиските препарати се од најдобрата турска фирма Clean Vac. Кога тепихот ќе мине низ машината, се обновува влакното. Длабински се чисти, како што посакува секоја домаќинка. Дури и може да се предизвика заблуда кај гостите дека сте купиле нов украс на подот после нашиот третман. Дури се третираат и последните модерни теписи како јамболија, во кои се таложи, а не се гледа, пепел, камчиња и останатите отпадоци – вели Трајкоски.

Покрај хигиената, се продолжува корисничкиот век за повеќе години. Практично, наместо килимот да заврши в ѓубре, му се враќа животот и функционалноста, без малтретирање, тресење, чистење со четка, без чекање на сончеви денови, без барање на стреи за сушење… Килимот минува низ моќна центрифуга и ја вади водата речиси сосема за неколку часа.

– Воспоставивме одлична соработка со турската фирма, која произведува машини, рамни на чуда. По првото вложување и по истражувањата и прилагодувањата на цените според менталитетот, ја набавивме машината со потребната придружна комлетна опрема и  веќе ја ставивме во функција – објаснува Трајкоски.

Фирмата ја одржува чистотата не само во домаќинствата, туку со подвижни машини третира и тврди подови на место во деловните и стопанските објекти.

Партнерите сметаат дека бизнисот има перспектива со оглед на динамичниот живот и зафатеноста на семејствата. Во предност се што ваква машина нема во регионов. Затоа претендираат да ги освојат и битолчани, крушевчани, кавадарчани и другите околни градови, оти машината има капацитет за чистење на 300 теписи за 10 часа. 

Loading