ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Отчетот на ВМРО – ДПМНЕ за земјоделието

Vo fokusot na VMRO - DPMNE e zemjodelietoЗемјоделието и грижата за земјоделците е основен приоритет на ВМРО – ДПМНЕ во изминатите години. Владата за периодот 2006-2016 година намени вкупно една милијарда и 55 милиони евра за македонските земјоделци. Во досегашниот период,  се исплатени 765 милиони евра, а во тек е исплатата на субвенциите за 2015 година. Во буџетот за 2016 година, се одобрени 140 милиони евра за субвенции, да им се помогне и да им се даде поддршка на земјоделците.

Со отчет за земјоделието, Борче Костоски, член на Комисија за земјоделие при ОК на ВМРО – ДПМНЕ Прилеп, рече дека од 2014 година динамиката на исплатата на субвенциите е утврдена во Календарот за субвенции, усогласен со потребите на земјоделците за финансирање на земјоделските активности според карактеристиките на производството.  Со тоа се обезбедува исплата во периодот кога на земјоделците им се најпотребни средствата, а од 2012 година аплицирањето е целосно електронско.

– Разликата помеѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ е очигледна! На околу 9000 корисници доделенно под закуп е 62.000 хектари државно земјоделско земјиште, за разлика од времето на СДСМ кога целото земјиште во државава беше поделено само на 400 луѓе. Во насока на поддршка и развој на земјоделството се укинаа царинските давачки за 36 тарифни ознаки за увоз на семенски материјал. Се намалија и царинските стапки на 5 отсто за репроматеријали од овошје, а укинати се царините на кои претходно се увезуваа со царинска стапка од 20 проценти и 30 отсто, додека каматната годишна стапка на кредитните линии се намали од 3 на 2 отсто. Во периодот 2008-2015 година, преку поддршката за инвестициите по принципот “50-50”, набавени се 2.064 нови трактори, 7.682 примероци друга земјоделска механизација, инсталирани се 85 ефикасни системи за наводнување “капка по капка” обезбедени преку Програмата за рурален развој, кои ги искористија 68 земјоделци. Преку ИПАРД-програмата, обезбедивме финансирање на 256 проекти за набавка на трактори и модерна земјоделска механизација, воспоставување системи за наводнување, проекти за нов тип на оранжерии, 9 проекти за модернизација на преработувачки капацитети за овошје и зеленчук, 8 проекти за модернизација на млекарници како и многу други или вкупно преку ИПАРД,  до крајот на 2015 година, се финансирани 452 проекти со државна поддршка од 6,4 милиони евра – рече Костоски.

Дополнително од ИПАРД се поддржани 45 млади земјоделци во кои државата даде над 55 отсто. За младите земјоделци од 2012 г. обезбедена е стимулации до 600.000 денари.

– Досега се склучени договори за поддршка на 168 млади земјоделци со 90,5 милиони денари. Поддршката продолжува и во 2016 година со дополнителни 70 милиони денари. Комплетната стратешка поставеност на земјоделието и земјоделците во фокусот на работењето на ВМРО – ДПМНЕ доведе до тоа во 2014 година да бидат извезени 626 милиони килограми земјоделски производи, што е зголемување од 2,74 отсто во однос на 2013 година, а вредноста на извозот е над половина милијарда евра. Вредноста на земјоделското производство континуирано расти и изнесува над една милијарда евра – вели Костоски.

Поддршката која владеачката партија им ја дава на земјоделците не е само во субвенциите,  туку е обезбедена поддршка и евтини кредитни линиии. Се инвестира и во иднината и сугурноста на земјоделците.

– За посигурна старост, месечните придонеси за осигурување од 6.500 денари се намалени на околу 4.000 денари за регистрираните земјоделци и само на 1.500 денари за земјоделците осигуреници во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Над 9.000 земјоделци се регистрирани по двете основи, а повеќе од 3.500 во Прилеп. Персоналниот данок за регистрираните земјоделци не се плаќа за приходи од земјоделска дејност до 300.000 денари, додека за приходи до 1.3 милиони денари изнесува само 2 проценти. Затоа што живееме во земјоделски регион, во кој главна дејност е тутунот, напоменувам дека целиот тутун од реколтата 2015 е откупен по просечна цена од 185 денари по килограми. Веќе е почната исплатата на субвенциите –  по 60 денари за килограм. Тутунарите од прилепско ќе добијат 13 милиони евра само субвенции, а досега само во прилепско се исплатени повеќе од 100 милиони евра субвенции за тутунарите – вели Костоски.

Според него, разликата меѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ е очигледна.

– Тие ветија првпат субвенции во 2005 г., но не ги платија. Токму заради ова, СДСМ не ја добиваат довербата од земјоделците – вели Костоски.

Инаку, отчетното работење е принцип на ВМРО-ДПМНЕ, а вложувањето во земјоделието е влог во една од клучните дејности во македонското стопанство. 

Loading