ВЕРА АЦЕВА (ДОСТА) 1919-2006

Vera Aceva

Над Прилепа града, во Оревоец село,

Пара Мирчева, родила женско чедо.

Името Вера, детето го доби,

наследничко име, од своите баби.

 

Расте Вера, здраво и бистро дете,

интелигентно и лично е, како својот тате,

на школо тргна, наука да учи,

учењето í оди, без да се мачи.

 

За дедовците, историја Вера слуша,

за татко í Дончо, трагедија гледа.

Еден ден, кај властите е, на сослушување,

наредниот ден, оди казна за издржување.

 

Фамилијарно во Прилеп, се доселија,

за тутуново занимање, се определија,

од дадениот труд, фамилија да прехрануваат,

и за школски потреби да остануваат.

 

Не можејќи Вера, тие услови да ги одржи,

за извесно време, учењето го одложи,

се вработи в монопол, тутун да реди,

да ги совлада, куќните беди.

 

На работа Вера, со политички лица се дружи,

на властите отпор, да му се пружи,

за работничките права, борба таа води,

македонска држава, за да се роди.

 

Во Втората светска војна, се вклучи Вера,

високо воено политички одговорности зема,

македонскиот народ, за борба го спрема.

 

Народот, ги оствари, саканите права,

си создаде своја, македонска држава прва,

се зборува, на својот мајчин јазик,

богослужба на македонски, се пее ката празник.

 

За трудот во борбата, Вера што го даде,

многу високо политички, таа се проби,

повеќе одликувања доби, во животот свој,

прогласена е, за македонски народен херој.

 

Томе Велјановски – Марулецот,

Гетеборг, Шведска.

Loading