МАСТ – АСФАЛТ НА 17 КМ. ЗА ИЛЈАДНИЦИ ЖИТЕЛИ

Мисајловски во Долнени

– По четири децении реконструкција на патот од Црнилиште до Лажани

– Се реновира патот Кривогаштани – Воѓани

– Потрага по средства за отворање на врската Црнилиште – Богомила

– Се градат пет екпресни патишта за 330 милиони евра

Drzavni pari  za patista i za kanalizaciiiНеколку илјади жители од 15 населени места брзо и безбедно ќе стасуваат до магистралниот пат Прилеп – Македонски Брод. После четириесетина години стартува реконструкцијата на регионалниот пат Лажани – Ропотово – Црнилиште. Станува збор за пат, долг 17 километри, во кој државата ќе вложи над 1,8 милиони евра. Во општината Долнени влегуваат 2,2 милиони евра за патната инфраструктура и за водовод и канализација.

Министерот за транспорт и врски, Владо Мислајловски, на местото на градежните работи, изјави дека е почната реконструкција и рехабилитација на многу регионални и магистрални патишта.

– Веќе десетина дена ефективно се навлезени машините и работниците во реконструктивен зафат. Очекувам, како што најави изведувачот, до крајот на летниот период целосна да се реконструира овој регионален пат, иако договорот е 12 месеци – рече Мисајловски.  

Се работи и во други региони. Започната е и реконструкцијата на регионалниот пат Кривогаштани – Обршани – Воѓани, а веќе се завршени сите локални патишта. Министертвото помага во реализација на други проекти за помалите општини.

– Освен во патната инфраструктура, се надевам набрзо да се потпише договор за градба на фекална канализација во селото Ропотово. Инвестицијата е над 420 илјади евра – додаде министерот Мисајловски.

Се градат три автопати.       Фокус е ставен и на пет експресни патишта.

So asfalt lesno megu Crniliste i Lazani– За месец-два почнува ефективна градба на патот Градско – Прилеп. Веќе имаме потпишано договор. Почнаа некои, подготвителни работи како геодетски снимања. Распишани се тендерите и за експресниот пат Штип-Радовиш, Штип-Кочани и Ранковец-Крива Паланка. До крајот на годинава и за Охрид-Пештани. Ќе се градат над 164 км. нови експресни патишта. Инвестицијата е над 330 милиони евра. Со автопатите што се градат, се вложени преку една милијарда евра во патната инфраструктура. Вложуваме и во железницата, канализација… – додаде Мисајловски. 

ЈП за државни патишта е насочено на одржување на постојните патишта. Потпишани се договори за 10 регионални патишта, а ќе бидат обезбедени дополнителни пет милиони евра за рехабилитација на најлошите секции во државава, односно на делници од магистралните и регионалните патишта.

Продолжува политиката преку средствата за одржување да се поставуваат нови асфалтни постелки, нова сигнализација и ново осветлување на патиштата.

Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов, ја поддржува иницијативата за поврзување на Долнени со Велес преку Црнилиште, Гостиражни со Богомила и Чашка. 

– Треба да се рехабилитираат и прошират околу 35 км. пат. Ако добиеме средства, ќе го завршиме и тој дел. Потребна е рехабилитација на делот од Чашка до Богомила. Прво да продолжиме со регионалниот пат до Богомила – додава Стојанов.

Благодарност за реконструкцијата на главниот локален пат што поврзува неколку илјади жители, а се асфалтира по 42 години, изрази градоначалникот на Долнени, Боше Милошески.

– Од катастрофата, дупка до дупка, бенефит ќе почувствуваат жителите на 15 села – потенцира Милошески.

Жителите се радосни што ќе можат брзо и лесно, без да ги оштетуваат возилата, да дојдат до општинската централа и до Прилеп.        

Loading