ЕКИПАТА НА СОУ „Р.Р. РИЧКО“ НАЈ ЗА ГОЛЕМ ФУДБАЛ

Podobri i od profesionalnite fudbaleri - SOU  R.R.   RickoМеѓу 18 екипи на Оштинското првенство во голем фудбал за средни училишта, екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ со менторот Илија Ангелески се покажа најдобра. Во конкуренцијата  и од екипа од спортската академија, успеаја да ги победат и професионалците и да се пласираат на Регионалното првенство. Вешти со топката, која се лизгаше по вештачката трева на игралиштето кај Зоолошката, фудбалерите од „…Ричко“, задоволни од успехот, негуваат надеж за уште поголеми резултати. Ветер во грб им се зборовите на претседателот на Сојузот на училишни спортови, Здравко Ристески, дека Прилеп не само што важи за најспортски град, туку е и плодна почва од која никнуваат најдобри училишни екипи. 

Loading